Санкционирани 129 возачи на територија на град Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден
на територија на град Скопје изрече вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за непочитување на првенство на минување.
-Изречени се и седум мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за недавање на првенство на минување на пешаци…, соопшти МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.