ДЕТАЛИ: Затвореник ранил полицаец додека го носеле во болница
Затвореник од КПУ „Идризово“ ноќеска пред полноќ пукал во затворски полицаец, го ранил и побегнал со друго возило.
-На 12.01.2023 во 23.20 часот, четворица вработени во Затворска полиција кои биле со комбе „форд транзит“ на Затворската полиција побарале помош од полициски службеници на СВР Скопје, откако, според нивната пријава, додека вршеле спровод на осуденик Б.М. , од КПУ Идризово кон Ургентен центар „Мајка Тереза“, на автопатот, осуденикот му го одзел пиштолот на возачот И.Х. (вработен во Затворска полиција), пукал и го ранил И.Х.. Потоа осуденикот избегал со патничко возило „ауди“, информира МВР.
Повредениот вработен во Затворската полиција е пренесен во Ургентен центар за укажување лекарска помош. Дел од медиумите јавуваат дека полицаецот е потешко повреден.
Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.