ВМРО-ДПМНЕ: Зошто постојат институции, Ковачевски е толку неспособен што за решавање на проблемот со кучиња скитници ќе бара странска помош
Само за оваа влада решавањето на проблемот со кучињата скитници преставува непремостлив проблем, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ковачевски е толку неспособен што ќе барал странска помош, тогаш се поставува прашањето зошто постојат институции ако за секој проблем се бара странска помош. Законска обврска е чипирање на кучињата исто како и тоа да ниту еден ветеринар не прегледува куче кое не е чипирано, а ако има такво куче треба истото да биде пријавено. Кога последен пат е направена инспекција од Агенцијата за храна и ветеринарство врз ветеринарните ординации и дали некој сопственик на куче е казнет што се откажал од својот миленик и го пуштил на улица? Срам е за институциите на државата што граѓаните сами се препуштени да се снаоѓаат и се допушта средновековни масакри врз животни. Проблемите со кучињата скитници, нападите врз луѓе како и средновековните масакри значат отсуство на функционалноста на институциите, велат од партијата.