СДС продолжува да тера гол популизам за загадувањето, наместо мерки кои ништо нема да променат, потребно е веднаш вклучување на владата
СДС продолжува да тера гол популизам и да собира политички поени за загадувањето во Скопје, пишува во соопштението ВМРО-ДПМНЕ.
Седум години СДС и ДУИ се власт во државата и освен заклучоци и препораки на комисии СДС и ДУИ ништо немаат преземено. Без ниту еден капитален проект, без денар вложен за животната средина и справување со загадувањето во Македонија.
Наместо мерки кои се бледа шминка и нема ништо да променат во целата состојба со животната средина и загадениот воздух, владата предводена од СДС и ДУИ треба веднаш да се вклучат и да се направи целосна стратегија за овој горлив проблем кои ги мачи скопјани.
Додека Ковачевски пред медиумите зборува за ланскиот снег, треба веднаш да свика состанок со сите институции, вклучувајќи ја и Арсовска и да се подготви целосна стратегија која ќе почне да дава резултати со справување со загадениот воздух.
Наместо тајни средби за договарање на тендери и поставување на свои послушници по градските институции, Арсовска и Ковачевски треба да почнат да работат и да се грижат за здравјето на граѓаните.
Мерките кои ги предложи СДС се основна работа на градоначалничката Арсовска. Нека ги повика директорите на ЈСП, Комунална хигиена и Паркови и зеленило, нека ги повика и градските инспектори и веднаш нека почнат да работат.
Но СДС, ДУИ, Левица и Арсовска тоа не ги интересира. Нив ги интересира како може повеќе да украдат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.