Изминатото деноноќие произведени 18.568 MWh, немаше увоз на електрична енергија од странство
АД ЕСМ на 08.01.2023 година произведе 18.568 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.
Во Термоелектраните произведени се 12.070 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 6.498 MWh.
Во изминатото деноноќие АД ЕСМ не набави електрична енергија од странство.
* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 08.01.2023 година.