Мицкоски: Прилеп ги живее промените, почнува рехабилитација на влезот во градот, капитален проект од 2,5 милиони евра, 2023 година на инфраструктурни проекти

Мои прилепчани, заедно минавме една исклучително тешка година. Се соочивме со сите недостатоци и негрижата на минатата администрација, но и со последиците од економската и енергетската криза како продолжение на здравствениот хаос. Сепак со посветеност, љубов, разбирање и чесна работа многу направивме и заедно го вративме Прилеп на колосекот на урбано живеење. Прилеп повеќе не е град на сивилото и безнадежноста, изјави во своето обраќање градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески во кампањата „Промените на дело“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Јовчески истакна дека со добро менаџирање и домаќинско работење исплатени се речиси половина од вкупно 300 милиони денари наследени обврски и го трасира патот кон исполнување на дадените ветувања.

– Рекоструиравме и саниравме голем дел од улиците. Исчистени се над 6.000 метри квадратни отпад од дивите депонии и обновени се парковските површини, ги вративме фонтаните. Со чесна работа го завршивме виталниот проект за водоснабдување на градот, а особено сум горд што ги подобривме условите за работа во сите училишта во Прилеп, рече тој.

Јовчески нагласи дека тука не застанува и за следната година планирано е уште повеќе.

– Во буџетот кој заедно се планираше најмногу се посветивме на инфраструктурата. Речиси 2 милиони евра за рехабилитација на прилепските улици како и за изградба на два кружни трка, зафат вреден 1,5 милиони евра со што значително ќе се подобри сообраќајот во градот. Тука е и вашето барање за повеќе подземни контејнери за што одвоивме 6 милиони денари, проект произлезен од акцијата за заедничко креирање на буџетот на Прилеп.  Благодарен сум за вашата доверба. Заедно ќе направиме многу за наш Прилеп. За иднината на Прилеп, изјави Јовчески.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека Прилеп годинава ќе отпочне со рехабилитација на влезот во градот од страна на Македонски Брод, капитален проект вреден речиси 2,5 милиони евра, Прилеп се менува и ги живее промените.

– Прилеп покажа дека промени се можни. Секој еден ден,  секоја една промена значи нова победа на надежта, победа на чесноста и победа на граѓаните, наспроти апатијата и безнадежноста. Стоевме зад секое ветување така ќе биде и понатаму со проектите што го подобруваат животот во Прилеп, а прилепчани ги живеат Промените на дело, изјави Мицкоски.

Линк од видео материјал:

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/905055090491074/