Протест пред Министерството за здравство, пациентите со цистична фиброза оставени без терапија
Членовите на Асоцијацијата за цистична фиброза денеска ќе протестираат пред Министерството за здравство, бидејќи, како што велат, не го добиваат потребниот лек.
И покрај ветувањата кои што досега ги добивале, Фондот за здравствено осигрување (ФЗОМ) и Одделите каде се лекуваат нивните пациенти, нема поместување во третманот на болеста кон подобро, а здравствената состојба им се влошува.
„Како што знаете, Асоцијацијата за цистична фиброза водеше активна кампања за да ги поттикне надлежните институции за воведување на ЦФТР модулатори за сите пациенти. Терапија до овој момент нема обезбедено, а дали ќе се обебеди и кога, немаме добиено одговор“, гласи нивното соопштение во повикот на протест.
Асоцијацијата најавува мирен протест кој, а целта е да се привлече вниманието на јавноста и да се запознае со оваа проблематика.