МВР: Лажни се денешните дојави за поставени бомби во училиштата во Скопје
Министерството за внатрешни работи известува дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.
Попладнево дојави за бомби преку електронските пошти добија 19 училишта во Скопје.