ВМРО-ДПМНЕ: Каква е улогата на Зарко Милошевски во 27 април, и до каде е истрагата за позитивното мислење за државјанството на Онишченко кое тој го дал?
Зарко Милошевски е началник на единицата за екстремизам при УБК за време на настаните од 27 април. Голем дел од структури во УБК беа дел од судски процеси, дури и тогашниот директор Атанасовски, само Милошевски не беше дел од никаква постапка, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Зошто Милошевски не бил дел од судски постапки и кој го штити? Зарко Милошевски директно или индиректно бил дел од голем број случаи за кои негови колеги се дел од постапки, а тој не е. Таков е и најновиот случај со давањето на Македонско државјанство на рускиот олигарх Онишченко, кој според изјавите на Пендаровски се мешал и во изборите во САД. Дури и според Пендаровски има спорни моменти во назначувањето на Милошевски за директор на АНБ, бидејќи случајот Онишченко сериозно го нарушува угледот на Македонија во НАТО. Зарко Милошевски е функционерот од АНБ кој ја потпишува позитивната проверка за Онишченко, и тој е значаен фактор од кого зависело дали Онишченко ќе добие дежавјанство или не, велат од партијата.
Од таму велат дека владата мора да го разреши Зарко Милошевски од позицијата директор на АНБ, дотолку повеќе што се спроведува истрага за случајот Онишченко, во кој тој е директно вмешан, а Милошевски да каже каква е неговата улога и во 27 април.