166 санкционирани возачи во Скопје, 56 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 31 санкција за возење под дејство на алкохол.

Изречени се осум мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за возач почетник…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, пишува во соопштението на МВР.