Дојави за бомби во повеќе објекти, се евакуира и „Ист Гејт“ 

Дојави за бомби во повеќе објекти има утрово, а полицијата интервенира и во „Ист Гејт мол“.

Како што потврдија од МВР за „Независен“ во повеќе објекти во Скопје утрово има дојави за поставени бомби.

Според еден граѓанин кој се нашол во ТЦ „Ист гејт“, ги замолиле да излезат од објектот опколу 10.30 часот. Им било кажано да бидат најмалку 11 метри од објектот. 

Утрово, дојави за бомби има и во повеќе скопски средни училишта. Учениците и вработените се евакуираат.