Шопова: Наместо полицијата да го регулира сообраќајниот метеж во Скопје, ја чува Арсовска и градската куќа

Советничката во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Шопова по блокадите од страна на приватните превозници на булеварите во главниот град како резултат на револт поради неисплатени средства од Град Скопје и немањето слух од страна на градоначалничката Данела Арсовска за исполнување на нивните барања денеска на официјалниот профил напиша наместо полицијата да го регулира сообраќајниот метеж во градот, специјалци ја чуваат Арсовска и градската куќа.

Приватните превозници им се извинија на скопјани за настанатиот хаос, но блокадите продолжуваат се додека не се седне на маса и не се разговара за изнаоѓање на прифатливо решение, а како што рекоа можно е блокадите да се прошират и на другите булевари.