ВМРО-ДПМНЕ: Дали Арсовска и Ковачевски наместо пари за превозниците на средбата договарале провизија од набавката на нафта за ЈСП која ја доби фирма на пратеник од власта?

Тендерот од 27 милиони евра за набавка на нафта за потребите на ЈСП, потпишан од директорот на тоа претпријатие кадар на СДС Александар Стојковски е без вообичаениот рабат, односно попуст од 6 денари по литар.

Попуст за набавка на нафта во ЈСП секогаш во минатото имало, дури и во времето на Шилегов, но не и со Арсовска.

Тендерот за набавка на нафта е за набавка од 14.500.000 литри. Со попуст од 6 денари, тоа се 1.400.000 евра заштеда. Оваа набавка е од компанија на пратеник од власта.

1.400.000 евра се сосема повеќе од доволни за да го решат проблемот со превозниците. Но очигледно поважно е овие пари да завршат во нечиј џеб, отколку за скопјани.

Дали Арсовска и Ковачевски наместо пари за превозниците на средбата договарале провизија од набавката на нафта за ЈСП која ја доби фирма на пратеник од власта?

Дали сите провизии на ЈСП и на Арсовска ги договара еден нејзин роднина и уште еден сметководител бизнисмен од Ѓорче Петров?

Ковачевски и Арсовска на тајните средби кои ги имаат да го побараат овој попуст за ЈСП, и така да заштедат пари, наместо истите да одат кај луѓе од нивното опкружување и сметководители со сомнителни дејанија.

Скопје заслужува решение. Проблем има затоа што Ковачевски и Арсовска мислат на тендери, а не на скопјани, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.