Директорот на ЈСП Стојковски уверува дека скопјани ќе добијат бесплатен јавен превоз, но не знае кога
В.д. директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Александар Стојковски во интервју за МИА вели дека дека автобусите на ЈСП се технички исправни и најавува нови вработувања за возачи поради одлив на кадар по основ на пензионирање.
Ветува и дека скопјани ќе добијат бесплатен јавен превоз, ветување кое беше дадено во предизборната кампања од страна на градоначалничката Данела Арсовска.
Вели дека работите се ставени во мирување поради актуелната економска и енергетска криза, но дека се прават подготовки за да се реализира ветеното пред граѓаните на главниот град.
-Да, скопјани ќе добијат бесплатен јавен превоз. Ние изминатиот период почнавме со фазни продготовки, односно сакавме бесплатниот јавен превоз да го воведуваме во фази, но поради економската криза којашто во моментов се случува на светско и на глобално ниво, тоа го оставивме во мирување, но тоа не значи дека не ги правиме подготовките за да се реализира ветеното, рече Стојковски во интејвуто за МИА.