Украдено возило на брзата медицинска помош во Кочани

Според неофицијални, но добро упатени извори, ноќеска од кругот на Јавната здравствена установа „Општа болница“ во општина Кочани е украдено едно возило на брзата медицинска помош, марка „Тојота“, пренесувa порталот актуелности.мк

Вработен од болницата вели дека полицијата извршила увид во здравствената установа, а станува збор за возило кое Општа болница го доби како донација.

Оваа несекојдневна кражба се случува како продолжение на зачестените кражби на трактори, автомобили и комбиња по кочанските села, кои исчезнуваат на чудесен начин, без да бидат откриени, односно пронајдени.

Возилото на медицинската помош било украдено ноќеска во 3 часот, а утрово во 8 било пронајдено.

Се уште нема официјални информации од страна на МВР, откако ќе биде настанот регистриран во дневниот билтен, дополнително ќе информираме за деталите.