Стоилковски: Арсовска и СДС се во коалиција, Ковачевски потврди имале дека имале и средби, плод на коалицијата е директорот на ЈСП кадар на СДС

Градоналаничката на Град Скопје, Данела Арсовска е во коалиција со СДСМ, а плод на коалицијата е директорот на ЈСП кој е кадар на владејачката партија, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кој додаде дека и премиерот на владата Димитар Ковачевски јавно признал дека имал средби со Арсовска.

„Александар Стојковски, директорот на ЈСП поставен од Данела Арсовска е кадар на СДС. Ова е фотографија од која се гледа Стојковски на партиските состаноци во централниот штаб на СДС. Заедничкиот интерес на таквата коалиција се тендерите и договорите во 4 очи. Зошто ЈСП троши повеќе нафта од тоа што трошеше со повеќе автобуси од пред 8 години? Зошто фирмата на владиниот пратеник е победничката на милионскиот тендер за набавка на нафта за ЈСП? Одговорите ги крие коалицијата Арсовска – Ковачевски, кои што се одговорни за хаосот“,посочи Стоилковски.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини градоначалничката Арсовска дека го заглавила градот во долгови, неподмирени обврски и во проблеми, а еден од нив е и застојот во јавниот превоз, нагаласувајќи дека нема да поддржат некој кој е во коалиција со криминалци за правење на матни зделки.

„Додека делат тендери, Арсовска и Ковачевски ги ставија приватните превозници на милост и немилост, а скопјани со нарушен јавен превоз. Скопје е блокирано, а скопјани заглавени во сообраќаен хаос, и тоа е вина само на СДС и на Данела Арсовска. Очигледно е зошто ВМРО-ДПМНЕ ја повлече својата поддршка за Арсовска. Никогаш нема да поддржиме некој кој тргнува во коалиција со криминалци за правење на матни зделки“, нагласи Стоилковски.