ВилмиЧ се гледаме – доправа ќе одговара за местенките, за криењето записинци, криењето докази, искривување на факти!!!

На социјалните мрежи, како коментар на денешниот избор на нов шеф на ОЈО ГОКК, се појави пост на личната веб страница на Слобода за Јане Ченто. Постот не е нималку „поволен“ за веќе бившата обвинителка Вилма Русковска. Ви го пренесуваме во целост:

„Вилма Русковска која досега беше шефица на обвинителството и бараше нов мандат доби 14 гласови (од тие 14 што гласале за неа се кај неа во тимот) од вкупно 160 обвинители кои можеа да гласаа.

Денеска Вилма се соочи со суровата реалност.

Со оглед на тоа што ОЈО ГОКК е најсилната алатка за борба против организираниот криминал и корупција Вилма потфрли тотално.

Избрана беше во 2018 год кога во тек беше судењето за 27ми Април и преку тоа обвинение кое беше КЛАСИЧНА МОНТАЖА се награди за 4 годишен мандат во ОЈО ГОКК.

Веќе не им е потребна и затоа ја пуштаат по вода бидејќи знаат дека е товар на вратот со сите глупости што ги направи.

Преку нашиот предмет и Кацарска исто така беше наградена за претседател на Уставен суд.

Само за да сфатите која игра се играше и се игра сеуште каде преку невини луѓе градеа и градат кариери.

ВИЛМА како една од најпослушните обвинители, односно обвинител на секоја власт направи многу фамилии да страдаат со нејзините монструозни и монтирани обвиненија за да денес нејзините колеги и дадат 1% доверба на гласањето.

Ако нејзините колеги не и веруваат во тоа што го направила изминатите 4 години, како е можно судот или граѓаните да и веруваат?

Така завршуваат сите кои прават зло….

А Денеска Вилма се соочи со суровата реалност.

Тек доправа ќе треба да одговара за местенките, за криењето записинци, криењето докази кои се во наша корист, искривување на факти…..

Заради неа и Кацарска кои беа директни извршители НЕДОВЕРБАТА во правосудниот систем е 92%.

На новиот шеф на ОЈО ГОКК имам да му порачам да го види предметот 27ми Април и да види каква МОНТАЖА направила Вилма. Така ќе ја врати довербата во таа институција кој под раководство на ВИЛМА беше синоним за корупција, монтажи на предмети и искривување на вистината.

Еден ден вистината ќе го добие светлото и народот ќе види што ни правеле.

Еден ден ќе изгрее сонцето на слободата!

ВилмиЧ се гледаме“, завршува постот.