Ковачки до власта: Следите, прислушкувате и сакате да заплашите, ниту ви поминувало, ниту ќе ви помине
Следите, прислушкувате и сакате да заплашите. Ниту ви поминувало, ниту ќе ви помине. Доаѓа време за одговорност. За многу кратко време од сега ќе треба да кажете како и што сте работеле со државните ресурси. Цел ден оперативците на АНБ (Агенција за Национална Безбедност) Р.Ва., Р.Вр., и Г.К. го поминаа денот во Прилеп, стои во Фејсбук статусот на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој потсети дека денеска во Прилеп беше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
– Ова на сликата е возилото на оперативците на АНБ во кое има соодветна опрема и е паркирано во близина на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп. Во која НАТО држава Агенцијата за Национална Безбедност наместо да си ја работи работата што и е пропишана со Закон, се фокусира на следење и документирање на активностите на опозицијата? Ковачевски и Спасовски, за секое следење, прислушкување и тероризирање ќе одговарате! Ќе се потсетите на ветувањето кога за тоа дојде време, пишува Ковачки во својата објава.