Заради штедење Македонија прв пат во историјата се откажа од учество на Евровизија
По триесет години, прв пат Македонија нема да учествува на евровизискиот натпревар по сопствена одлука.
Македонската телевизија го откажа учеството на Евровизија која ќе се одржи следната година во мај во Ливерпул, Велика Британија за да заштеди средства кои треба да се платат за котизација, како и за патувањето и престојот на македонската делегација. Од МРТ соопштија дека:
Ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи ги предвид зголемените трошоци поради енергетската криза, коишто зафаќаат голем дел од буџетот на Јавниот сервис, како и зголемената котизација за самото учество на „Евросонг 2023“, којашто до минатата година изнесуваше 39.143,00 евра, а идната година се очекува да биде повисока. – се наведува во соопштението.
Веста како земја да не учестуваме на оваа голема музичка манифестација предизвика бројни реакции во јавноста