Ивор Мицковски: Ова е ко логово, грда слика со која сме помирени
Они не можат едно достоинствено лого да направат, не па да ја одберат вистинската страна, коментира аналитичарот Ивор Мицковски за овогодинешното мото од Владата за прославата на 11 Октомври – Секогаш на вистинската страна.
„Испратија честитки, се изнафрлаа флоскули за некаква обединетост, тоа што државата труе и се распаѓа од криминал и корупција и што Бугарите и нашите не негираат и понижуваат, никому ништо.
Слават ботови, платеници, владини функционери и конвертити, цела останата земја и народ се срами од државата и од мизеријата во која живее.
Не е ова слободата ни за која борците изгинаа, ниту па за која народот се жртвуваше против режимот.
Ова е ко логово, грда слика со која сме помирени“, пишува Мицковски.