БРАВО МОМЦИ МАКЕДОНЦИ: Злато за Дејан Георгиевски, сребро за Филип Додевски на Г2 турнирот „Албанија опен“
Најдобриот македонски таеквондист стигна до уште златен медал за своите витрини откако славеше во финалето на на Г2 турнирот „Албанија опен“ над олимпиецот и медалист од Светското првенство, Словенецот Иван Трајковиќ.
Успешен настап имаше и Филип Додевски кој по две ефективни победи и исклучително тесен пораз во финалето од Азарбеџанецот Сулејманов стигна до сребрениот медал.