Избрусени зборовите „БУГАРСКИ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР“ од спомен плочата во чест на Богомилскиот марш

Градоначалникот на Чашка пријавил во полиција дека на спомен обележјето над здравствена установа во Јасеново, на стариот пат кон Прилеп, со брусење е оштетен дел од текстот на плочата на споменикот. Полициски екипи упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави Телма

Ги нема зборовите „бугарски фашистички“ окупатор од спомен плочата во чест на Богомилскиот марш 

Според Законот за меморијални споменици и спомен обележја, предвидена е казна за кривично дело со парична казна или со затвор до три години за оној што ќе оштети или уништи меморијален споменик. 

Од министерство за култура велат дека споменикот не е регистриран како заштитено културно наследство.