Николоски: „РЕАЛНАТА ИНФЛАЦИЈА Е СКОРО 50%, Македонија е пред банкрот и економски колапс“
„Криминалот е атрибут и нешто што ја следи континуирано оваа Влада и гледаат да направат криминал во се, значи нема поле каде што нема криминал. Криминалот во државата цвета без никаква задршка. Во таков криминал нова форма за криминал им е енергетската криза. Зошто? Затоа што наоѓаат начин да крадат. Еден начин е на пример е кога во РЕК Битола потпишаа со една битолска компанија договор во четири очи за 28 милиони евра. 28 милиони евра дадоа на една фирма во четири очи без тендер“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.
Потпретседателот посочи дека од власта прават криминал во трговијата со електрична енергија.
„Претседателот на партија, Христијан Мицкоски кој според мене, а мислам дека и во поширока јавност е број еден експерт за енергетика и тоа не во Македонија туку во регионот. Прецизно ден за ден вади како секојдневно се пљачка Македонија. Во тие документи кои што ги објавува и анализи се гледа дека една фирма во сопственост на две лица, кое што едното е исклучително блиско на Еди Рама, кое што тој и неговото семејство се спасувани од страна на Еди Рама за трговија на дрога. Значи тие се занимавале со трговија со дрога. И тие формираат фирма. И таа фирма магично успева да стане фирма која што најмногу струја откупува од Македонија и продава во Албанија“, појасни Николоски.
„Значи не само што не помагаат компаниите да не плаќаат 500-600 па и 700-тини проценти повисоки сметки од тоа што плаќаа лани, не само што не помагаат на граѓаните за да не плаќаат 50 до 100% значи дупло повеќе од лани, туку и крадат“, нагласи потпретседателот.
Николоски додаде дека претседателот на партијата Мицкоски, точно ден за ден објавува кои количини се, кои цифри и колку е вкупната сума.
„Дополнително на тоа, економската ситуација е катастрофална. Денеска излезе и државниот завод за статистика со скоро 17% инфлација, но ако внимателно се прочита документот, ќе се види дека инфлацијата е скоро 50%. Затоа што инфлацијата се влече од се она што се купува и користи. Но постои и скратена листа на основни намирници кои мора секое семејство да ги обезбеди за да преживее, како леб, млеко, масло итн. Ако го видите поскапувањето на овие намирници ќе видите дека се движи помеѓу 42 и 46% и тоа е реалната инфлација. Реалната инфлација ја чувствуваат граѓаните по својот џеб, а тоа е дека годинава за основните намирници плаќаат со 50% повеќе од лани. Тоа што лани можеле да го купат во маркет за 2000 денари сега не можат да го купат ни за 3000 денари. Тоа е вистината, а проблем е што ова ќе продолжи да расте и се нема никаква стратегија да се замрзнат цените и инфлацијата оваа година ќе оди над 50%“, рече тој.
„Кога сме кај енергетската криза граѓаните плаќаат за 50% повисоки сметки за струја, а фирмите каде што работат, за да земат плата, плаќаат и за 500% повика, и тие фирми ќе почне да затвораат, а тогаш луѓето ќе почнат да остануваат на улица и ќе немаат пари ни сметки да платат. Македонија е пред банкрот и економски колапс. Веќе големи капацитети се затвораат од типот на ФЕНИ Кавадарци, Боров Дол и Бучим Радовиш, најава за уште неколку големи рударско енергетски комбинати да затворат, големи производствени капацитети во делот на прехраната, останати индустрии и тоа ќе се десетици илјади луѓе на улица“, посочи потпретседателот.