Нешто веќе видено: Ковачевкси рече па порече – ПОВЛЕЧЕНО БАРАЊЕТО за разрешување на Бухова

Досегашната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, д-р Ирина Бухова останува и понатаму да го води Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Владата на вчерашната седница имаше предвидено точка на дневен ред разрешување на д-р Ирина Бухова од директор и назначување на нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Но, точката била повлечена од  предлагачот, односно премиерот Димитар Ковачески.