Милошоски: Охридскиот пливачки маратон е меѓународен спортски бренд на Македонија, ниеден претседател и власт не ни помислиле дека откажувањето е опција
„Охридскиот пливачки маратон е меѓународен спортски бренд на Македонија цели 6 децении. Се одржувал и во полесни и во потешки времиња затоа што ниеден претседател и власт не ни помислиле дека откажувањето е опција“, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.
„Но, оваа година славниот Охридскиот маратон се удави во неспособноста на претседателот Пендаровски како покровител, владата и Агенцијата за млади и спорт. Зарем трудот и ентузијазмот вложуван од Дики и Атина Бојаџи, од Нико Нестор и Снеже Групчева, како и сите пливачки шампиони од Египет, Бугарија, Шпанија, Македонија и Холандија не беа доволен мотив за Пендаровски и за владата да се обидат да најдат домашни и меѓународни спонзори и решение во интерес на пливачите, во интерес меѓународниот спортски углед на Охрид и на Македонија?
Претседателот Пендаровски вчера само напишал “ме информираше – ве информирам”, како да е спортски новинар, а не институција со буџет, вработени, статус и државни надлежности. За ваквата неспособност и информирање преку социјални мрежи, малку е да се рече засрамота“, пишува Милошоски во својата објава.