Перо Антиќ – Кошаркар, Претседател на кошаркарска федерација или активист на СДСМ?!
После скандалоот со 95.000 евра на ракометната ѕвезда а воедно и Претседател на новата комисија за Спорт од СДСМ Наумче Мојсовски, не треба да се чудиме или изненадиме ако видиме како и една кошаркарска големина како Перо Антиќ со советниците за спорт на СДСМ прават „спортски“ кампањи низ земјава . Дали ‘колачот’ на Мојсовски стана привлечен и за Антиќ, ќе видиме наскоро.
Претседателот на кошаркарската федерација на Македонија Антиќ пред некој ден имал работна посета во Крива Паланка , а посетата ја повторил и уште еднаш.
Во овој случај се прашуваме дали Антиќ е претседател на кошаркарска федерација на Македонија или е партиски активист на СДСМ.
Перо Антиќ како прв човек на кошарката во Македонија но и како претседател на федерацијата е голем срам што учествува во партиски активности. Неговиот претходник Петар Наумоски беше политички активен, но како претседател на федерацијата никогаш не се појавил на ваква партиска „собиранка“ во ек на кампања за парламентарни избори. Ниту еден друг прв човек на националните федерации не се појавил на вакви настани.
„Политиката надвор од спортот, спортот на спортистите“, најави Антиќ кога ја превзема функцијата.
Фотографиите од Крива Паланка, не ја потврдуваат неговата парола пред да седне на претседателската фотелја.
Кошаркарската „опозиција“ распали по Перо Антиќ кој наводно бил и по лобирање и по собирање на гласови во случај да се одржи Вондредно Собранието на КФСМ за негова смена.