Куновска ја „поздрави“ Кузеска во пост: Невистинитите, комични и ефтини агрументи никој повеќе не ги голта!
Поранешната пратеничка од СДСМ, Софија Куновска ѝ прати поздрав на Богданка Кузеска преку пост на фејсбук:
„Кузеска, би било добро да се упристои, зашто полемиката личи како за првачиња на голем одмор. Невистинитите, комични и ефтини агрументи никој повеќе не ги голта.
Нека објасни зошто нема комеморација за Илинка Митрева? Или и неа ќе ја смести во тие што одработуваа за Вмро-Дпмне?
Спиејќи на тоа уво дека критиките се нереални, наместо да си ја чукнат главата партијата секојдневно ја тонат се подлабоко.
Не е белки дека и самите си веруваат на речениците кои ги изговараат“, напиша таа.