ВМРО-ДПМНЕ: Македонскиот народ има право да се изјасни преку референдум дали се ЗА или ПРОТИВ предавствата на антидржавната СДС, блокадата за промените во Уставот останува
„ВМРО-ДПМНЕ ќе собира 150 илјади потписи за референдумско изјаснување на граѓаните со цел спречување на асимилацијата и бугаризација на македонскиот народ и држава“, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонската јавност вчера по потпишувањето на Протоколот помеѓу Македонија и Бугарија конечно имаше можност да ги види предавства на Ковачевски, Османи и Маричиќ. Граѓаните имаат право да го дадат своето мислење, а со тоа да го искажат својот став во однос за овој дипломатски нокаут од трана на оваа ненародна власт предводена од предавникот Ковачевски. Граѓаните ќе го кажат својот став во однос дали ги поддржуваат оваа рамка и протокол кои значи менување на историја, учебници, култура и идентитет на државата и македонскиот народ. Референдумското гласање од страна на граѓаните не значи и повлекување од блокадата на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од коалицијата на уставните измени, туку напротив и покрај блокадата на уставните измени граѓаните ќе имаат можност да го кажат своето мислење дали се ЗА или ПРОТИВ ова предавство од антидржавната СДС и предавникот Ковачевски. Овие предавства нема да останат неказнети. Предавникот Димитар Ковачевски ќе одговара за ова злодело кое и го прави на државата и македонскиот народ“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Долу влада, УА за предавниците“, додаваат од таму.