Тенисерот Новак Ѓоковиќ стана победник на Вимблдон во 2022 година. Во финалето попладнево првиот носител го победи Австралиецот Ник Кирјос.
Ова е седма победа на Ѓоковиќ на Вимблдон и четврти пат по ред.
„Не можам да опишам што значи овој трофеј за мене, мојот тим и семејството. Многупати сум кажал дека Вимблдон секогаш ќе биде најспецијалниот турнир за мене. Токму овој Грен слем ме инспирираше да почнам да играм тенис во мало планинско одморалиште каде моите родители имаа ресторан. Имав четири и пол години кога го видов Пит Сампрас како го освои својот прв Вимблдон во 1992 година. И ги замолив моите родители да ми купат рекет. Мојата прва слика за тенисот е трева. И секогаш сонував да дојдам овде и само да играм на овој терен. А потоа, секако, да го оствариме детскиот сон и да го освоиме овој трофеј. Секоја победа е се повредна и посебна за мене. Тоа е огромна среќа, изјави српскиот тенисер.