Извештајот за Македонија на ГРЕКО е објавен на англиски, француски и на МК со ѕвездичка
Групата на земји против корупција на Советот на Европа (ГРЕКО) вториот извештај за оценките за мерките преземени од македонските власти го објави на англиски, на француски јазик и на МК со ѕвездичка. Во објаснувањето на ѕвездичката пишува дека се работи за неофицијален превод, обезбеден од властите на Cеверна Македонија.
Сепак, се работи за објава на официјалниот сајт на Советот на Европа. А и ако е неофицијален преводот, зошто не се кажува дека преводот е на македонски јазик, со објаснување дека е преводот неофицијален, а обезбеден од македонските власти.
Очигледно е дека се работи за некаква нова форма за да се избегнат сите можни непријатности во Стразбур, поврзани со употребата на зборот „македонски јазик“, коментира МКД.мк.
Непријатностите се присутни и во Брисел. Пред само 10 дена преведувач од Македонија добил понуда од ЕУ за превод од „северномакедонски“ јазик.