„УЛТИМАТУМ – Не благодарам“ – Македонија не е на продажба!

Сенароден протест „Ултиматум – не благодарам“

Македонија не е на продажба! – објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски и денеска го поддржа сенародниот протест против францускиот предлог кој се одржува пред Владата.

Протестот се одржува под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“. Според учесниците, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ ниту правило меѓу државите членки.

Лидерот на партијата Христијан Мицкоски претходно ги повика граѓаните да се приклучат, за, како што кажа, да се одбрани тоа што се нарекува европска вредност и да се спаси процесот на преговори со Европската Унија.