Василевска: Во Агенцијата за филм- конфликт на интереси, во обрзованието- делење пари на невладини организации блиски до Владата
На 76тата седница на Собранието на Република Македонија на пратенички прашања, пратеничката Иванка Василевска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека поради намалената транспаретност во поселдните неколку години ова е првпат после две години таа да има можност да постави две прашања, за овие прашања таа кажа дека се исклуително специфични и дека се конкретни и адресираат некои недоследности во последните неколку години.
-Првото прашање кон премиерот се однесува околу агенцијата за филм, односно повеќе пати во собранието имало укажување од ДКСК за низа неправилности и злоупотребување на службената положба од страна на највисоките владини функционери се однесува на директорите за агенцијатана филм, поранешниот директор Горан Тозија и Бојан Лазаревски, дополнително таа го посочи функционирањето на филмскиот совет.
Го упатувам моево пратеничко прашање кое се однесува на почитувањето на законската регулатива во периодот од 2017 до денес, при именувањето и разрешувањето на членовите на филмскиот совет, носењето на соодветни акти односно решенија од тогаш раководното лице Гроан Тозија и Бојан Лазарески, исто така имајќи ги предвид веќе утвредните судири на интерес во агенцијата за филм би се осврнала и на именувањето на одредени членови кои истовремено вршат или вршеле други именувани функции во агенцијата кои се во директен судир, имаат конфликт на интерес при нивното носење на стручни мислења и апсолутно се во спротивност со основните начела за нивното независно, објектинво и стручно работење. Во врска со ова би сакал да уажам на неколку спроведени постапки на конкурси каде едно исто лице се наоѓа како член на филмски совет и како финансиски советник или пак наоѓа како член на филмски совет и рецензент, што е крајно незаконски и скандалозно имајќи предвид дека тие лица именувани како финансиски советници или филмски рецензенти сами на себе потоа си доставуваат предлози и анализи во филмскиот совет каде се исто така членови.
Второто прашење кон министерот за образование се однесува кон злоупотребувањето на финансии во образованието, односно средства од заемот потпишан од ексминистерката Царовска а ќе го исплаќаат граѓаните се делат пари на невладини организации и таканаречени експерти блиски до владеачката гарнитура.
Зошто МОН и бирото за развој на образование организираат обуки со акредитирани обучувачи кои предходно ги изведувале советници од бирото кој се обучени за тоа или со други зборови организирате дупли обуки преку кои се трошат милиони евра. Ако не знаете еве ќе ви објаснам што значи тоа дупли обуки, значи тоа се обуки за кои веќе се обучени советниците од бирото и кои пред концепцијата и заемот од светска банка ја оддржувале советниците а сега ги оддржуваат акредитирани обучувачи. Еден пример според кој советниците се обучени е обуката користење на интерактивни современи методи и техники во наставата каде се обучени најголем број од советниците а кој потоа биле обучувачи на професори. Релевантноста на обуката е потврдена од оној кој ја извршил, тоа е Др. Елеонор Хардвивс од универзитетскиот колеџ во Лондон, универзитет Велика Британија и центар за образовни услуги, но за вас веројатно оваа одлука е нерелевантна бидејќи е од друго време а и од неа неможат да се исцрпат пари. Советниците кои требаше да ја оддржат истата обука во 2021 година со наставници, беа сменети со акредитирани обучувачи и за нив беа платени огромни пари, а доколку ја спровеле веќе обучените советници воопшто немало да се потроши ниту денар.
Чуму акредитирани обучувачи и чуму советници кои одеднаш станале несоодветни за оддржување на обуки, туку се пратени за броење на луѓе и делење на кафе и сокчиња,изјави Василевска.