СДСМ остави цела една генерација деветоодделенци во неизвесност при упис во средните школи
Почитувани,
Катастрофалното менаџирање на процесите во образованието од страна на владата се нов доказ зошто е премногу. Системот за електронско пријавување падна пред да почне аплицирањето. Потоа функционираше од време на време, па многумина успеајa да поднесат електронска апликација после многу часови поминати во обидување.
Владата и Министерството за образование и наука помпезно најавуваа значително олеснување на уписот во средното училиште по електронски пат и како што велеа, поголема транспарентност и елиминирање на влијанието на човечкиот фактор во рамки на истиот.
За жал, со нив се случи уште една катастрофа. СДСМ остави цела една генерација деветоодделенци во неизвесност и револтирани родители.
Децата не знаат дали се примени во училиштата каде што аплицирале, а веќе денес треба да започне новото пријавување.
СДСМ се неспособни во секој поглед, а нивната неспособност ја плаќаат децата и родителите. За пет години се сменија четири министри но неспособноста остана.
Ова е премногу! Време е за избори и време е за промени!