Митева: Премногу е, на анкета на над 50000 граѓани, 94% потврдија дека со исти пари купуваат двојно помалку од лани, виновна е власта, затоа протест на 18 пред влада

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ ги добива одговорите од трите анкетни прашалници кои беа доставени до граѓаните на клучни места со најголема фреквенција на луѓе и тоа, пред маркетите, пред институциите и пред патарините.

Ова е најголемата теренска анкета која што некогаш е спроведена во Република Македонија и со голема прецизност го отсликува гневот кој владее кај народот. А причина за тоа е криминалната власт која наместо за народот работи за своите лични интереси. Одговорите на анкетните прашалници веќе ги добиваме.

Денес ќе ви соопштам одговори кои ги добиваме од анкетниот прашалник кој беше поделен пред маркетите ширум државата, од кои досега се стигнати над 50.000 примероци. На прашањето дали со пазарењето граѓаните ги задоволиле своите егзистенцијални потреби на неделно ниво, 70% од граѓаните одговориле дека воопшто не ги задоволиле, 17% делумно и 13% целосно ги задоволиле своите потреби.

Одговорот зошто резултатите на ова прашање се вакви го добиваме во одговорот на следното прашање. А тоа е која е причината поради која пазарите помалку. Фрапантни 85% одговориле затоа што цените се поскапи, а трошоците за живот превисоки. 9% одговориле дека пазарат исти количини, а 7% одговориле дека имаат помали потреби во семејството. Потврда дека животот е се полош со оваа власт е и одговорот на прашањето дали минатата година со истите пари граѓаните ја пополниле истата кошница каде 94% од граѓаните одговориле дека истата е за половина попразна.

Кога велиме дека е премногу и дека мора да има предвремени парламентарни избори за работите да тргнат на подобро тоа го црпиме од одговорот на следното прашање. Кој сметате дека е виновен за поскапувањето?  Дури 81% одговориле дека Владата е таа која не презема ништо и заради која цените се високи.

Почитувани граѓани,

Одговорите на овие анкетни прашалници уште еднаш потврдуваат дека се што зборуваме во изминатиот период е автентичниот глас на народот од тешкиот живот и се поголемата сиромаштија предизвикана од оваа власт.

Платите се ниски, а трошоците за живот превисоки! Месечниот буџет не стигнува ниту за подмирување на основните месечни трошоци. Ние штедиме, но владата не го прави тоа и не ни помага. И во состојба кога молкот не смее да биде опција треба да ги кажеме работите гласно, за да ги промениме. Затоа што премногу е! Ова е протест за промени. На 18 јуни во 20 часот пред Влада.