Раководството на ТИРЗ противзаконски сака да ја оштети државата за 23.6 милиони денари
Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на ТИРЗ
Почитувани,
Раководството од ТИРЗ очигледно сеуште не разбира каде греши и се однесува недоветно. Очигледно поважно им е добрата зделка од 23.6 милиони денари пари од граѓаните што ќе завршат во некоја консултантска куќа, отколку истите пари да бидат преиначени за помош на стопанството.
Нам како ВМРО-ДПМНЕ особено ни е важно да следиме каде се трошат државни пари и затоа будно го следиме овој случај, на, до сега незапаметено испумпување на парите од ТИРЗ.
Наместо да фрлаат толку пари на надворешни контролори, раководството на ТИРЗ треба да е свесно дека ова што го прават е спротивно на законот. Законите се јасни, согласно законот за контрола на било која државна помош што ја дава државата или институциите, надлежност за мониторинг има Комисија за заштита на конкуренција и тоа е уредено во член 24.
Додека пак согласно законот за ТИРЗ, институцијата има надлежност согласно член 12 да води евиденција за доделената државна помош во име на давателот, односно давателите да подготви годишен извештај и да го достави до Комисијата за заштита од конкуренција еднаш годишно, најдоцна до 31 март.
ТИРЗ и останатите институции во Владата што треба да следат каде и како завршува државната помош имаат стотици и илјадници вработени. Воопшто не е законски да ангажираат надворешна компанија да го прави тоа.
Ова е јасен показател дека намерата им е само да ги испумпаат парите и истите да завршат по нечии џебови.
СДСМ и нивните кадри ќе одговараат за овие сомнителни тендери и милионски проневери.
Премногу е, 18 јуни, 20:00 пред Владата на Република Македонија. Заради оваа и сите останати коруптивни зделки!