Мицкоски: Ако бугарските барања влезат во преговарачката рамка тоа ќе биде капитулација за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Призма“ истакна дека доколку бугарските барања влезат во преговарачката рамка тоа ќе значи капитулација за Македонија и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против во македонското Собрание, ако стигне таков предлог.
– Сум кажал и ќе повторам тоа еднакво на капитулација за Македонија на дипломатски план. Тоа значи или се асимилирате, бугаризирате и станувате дел од ЕУ или никогаш нема да бидете дел од ЕУ. Ако стигне да се гласа во Собранието ќе гласаме против, изјави Мицкоски.
Во врска со барањето за Бугарите во македонскиот Устав, Мицкоски потенцираше дека за да се разговара за тоа потребно е Бугарија да даде гаранции дека тоа ќе биде последно барање и нема повеќе да ја блокира Македонија, но и да ја поништи Резолуцијата изгласана во бугарскиот парламент во 2019 година.
– Јас сум го кажал ставот неколку пати. Подготвен сум за тоа да разговарам, но претходно да видиме гаранции од страна на Бугарија дека тоа е последното барање и до денот на полноправно членство Бугарија да биде најголемиот поддржувач, а не кочничар на Македонија. Гаранција и поништена резолуција од 2019 година и јасна гаранција исто како што Македонија на 2008 година на барање на владата на Борисов, кога Бугарија станала членка на ЕУ, кажала дека нема отворени прашања, рече Мицкоски.
Мицкоски посоли дека исто како што кога Македонија стануваше членка на НАТО, Бугарија велеше дека нема отворени прашаа, да каже дека нема отворени прашања, да толкуваме историја или каков народ сме биле или да спори јазик.