Пробајте го рецептот на освежителното летно кафе “Орча” по кој полуде светот
Орчата е вегански пијалак и е идеален за сите оние што избегнуваат животинско млеко. Освен што е вкусна, орчатата содржи и многу хранливи материи. Новиот тренд од Латинска Америка полека се движи кон освојување на целиот свет, а во продолжение погледнете како да ја направите сами.
Потребни состојки:
- околу 150 грама ориз со долго зрно
- 500 милилитри врела вода
- 1 и ½ стапчиња цимет
- 500 милилитри ладна вода
- 40-50 грама ванилин шеќер
- 1 прстофат сол
- цимет за украсување
- 1 еспресо
- коцки мраз
Оставете ги оризот, топлата вода и стапчињата цимет да отстојат во сад во текот на ноќта. Следниот ден, измешајте ги сите состојки во блендер. Потоа, поминете ја смесата преку ситно сито или газа.
Оставете ја смесата да се излади во фрижидер. Потоа, послужете со коцки мраз и со еспресо.