Љубов вредна 40 милиони евра!
Кога првпат граѓанин ќе го слушне името на македонската компанија Никоб, веднаш ќе помисли на фирма за обезбедување на лица и имот, но во последните години откако на власт дојде СДСМ, бизнисменот и газдата на оваа компанија Кирил Лазаров успеа да влезе во сите стопански дејности, од обезбедување, земјоделство, винарство, одгледување на марихуана и енергетика, па се до медицина.
Имено, омилената фирма на власта за обезбедување на имот, лица и патролно обезбедување на дистрибутивната мрежа на територија на Македонија од 01.01.2018 година па до сега има добиено државни тендери во вредност од околу 40 милиони евра.
Како што може да се забележи од државата Никоб за неколку години заработила околу 40 милиони евра преку тендери и тоа во ЕВН Македонија, Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, Градот Скопје, Општината Ѓорче Петров, Општината Аеродром, Агенцијата за катастар на недвижности, ЈЗУ Градската општа болница 8-ми септември, како Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и многу други државни институции ширум земјата.
Од сето ова може да се заклучи само дека успешен бизнисмен, не е бизнисмен со добивање на државни тендери. Од работата на Никоб нема ќар ниту државата ниту економијата. Имено, оваа компанија не произведува, не креира додатна вредност за државата и економијата, туку врши услуга само внатре во самата држава.
Пред некоја година, ВМРО-ДПМНЕ отвори случај каде што приватна компанија за обезбедување од Струмица има сомнеж дека испумпува пари преку државни институции за семејството Заеви, за што всушност е и зголемена и цената на електричната енергија и сето ова го плаќаат граѓаните.
Како што соопшти на прес-конференција портпаролот на партијата Димче Арсовски, покрај универзалниот снабдувач, агенцијата за обезбедување преку која постојат сомнежи дека се испумпуваат парите од профитот кој истиот универзален снабдувач го остварува заради поголемиот процент кој му го продаваат државните претпријатија по повластена цена, оваа агенција за обезбедување има склучено и други договори за обезбедување со други државни претпријатија кои што се под капата на СДСМ и семејството Заеви.
„Ова е шемата и начинот за испумпување на државните пари и парите на граѓаните, на конто на семејството Заеви, за да се богатат тие самите и да имаат пари во кеш, црни пари за да можат да вршат поткуп. И сето тоа на штета на граѓаните, односно го плаќаат граѓаните. Да сумираме, од ЕВН и државните институции и претпријатија, агенцијата за обезбедување добила тендери во вредност од над 21 милион евра. Сега веќе се јасни бизнис релациите на Заеви со приватната агенција за обезбедување, која пак е нивни параван и јасен начинот и сумите за испумпување пари на граѓаните во семејството Заеви и СДСМ“, рече тогаш Арсовски.
Во продолжение погледнете од каде се добила тендери компанијата Никоб: