Маркова: Власта не работи и краде, во време на скапа струја кога сите енергетски компании во светот заработуваат ЕЛЕМ е загубар
На денешната трибина „Ценовен шок, сиромаштија и неспособна влада“ која се одржа во просториите на ВМРО-ДПМНЕ свое обраќање имаше Елена Маркова, претседател на комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ која што истакна дека Македонија е во енергетска катаклизма и имаме намалување на домашното производство на електрична енергија и капацитети кои се во лоша состојба, а во време на скапа струја кога сите енергетски компании во светот заработуваат ЕЛЕМ е загубар.
„Би се задржала во енергетската катаклизма во која се најде Македонија. Ако направиме една ретроспектива од 2020 август до декември 2021 имаме некаде околу 30 проценти зголемување на цената и плус укинувањето на дневната евтина тарафа. Тоа е проблем на сите граѓани и целото стопанство. Најстрашен проблем од се е што нашето домашно производство на нашата државна компанија за производство на електрична енергија е можеби најголем загубар во земјата. Официјалните податоци се загуба акумулиран 20-та, 21 ва, 30 милиони евра. Парадоксот е значи во време на скапа електрична енергија, во време кога сите енергетски компании во државни во светот произведуваат електрична енергија и добро заработуваат за жал нашата компанија е загуба“ нагласи Маркова.
Маркова додаде и дека во Македонија практично имаме намалено домашно производство на електрична енергија, а во јавноста се пласира тезата дека нашата државна електро енергетска компанија се грижи и ја одржува цената и води сметка за граѓаните.
„Ние имаме практично намалено домашно производство на електрична енергија, а во јавноста се пласира тезата дека нашата државна електро енергетска компанија се грижи и ја одржува цената и води сметка за граѓаните и нема никаков проблем. Ако домашното производство на ЕСМ во 2019 година било 4 200 гигават часови, 2020 опаднало на 3600 гигават часови, 2021 година 3200 гигават часови. Ова се бројки кои што потврдуваат дека Македонија е буквално во енергетска катаклизма“ истакна Маркова.
Претседателката на комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, Маркова истакна и дека производството на електрична енергија е намалено бидејќи е намален ископот на јаглен, ресорот за производство на електрична енергија а власта лошо се грижи за одржување на капацитетите за производство.
„Ние имаме намалување на домашното производство. Наместо вие сега да произведувате и да го спасувате стопанството и граѓаните, се намалува производството, се намалува практично евтината електрична енергија. Прашањето е зошто е намалено производството а одговорот е многу едноставен. Ресурсот од кој што ја добиваме електричната енергија, ископот на јаглен не е на она ниво на кое што треба. И сега се прават напори да влезе ТЕЦ Неготино во систем да се набави мазут, па да се набави јаглен за да влезе и ТЕЦ Осломеј во систем значи веќе онаа зелена енергија за која што беа поборници во 2019 како да ја подзаборавија“ нагласи Маркова.