Новите цени на горивата сериозен ценовен шок за граѓаните – поскапување и до 10 денари

Од утре се очекува поскапување на горивата до 10 денари, ова го покажуваат пресметките  на  познавачите. Причината за ваквиот скок е тоа што од утре, повеќе нема да има намалено ДДВ за течни горива. Владата  на денешната седница не ја продолжи оваа мерка, анализира „Телма“.

Експертите претходно предупредија  дека ако не се преземе нешто  откако ќе престане нејзината важност, ќе следи сериозен ценовен шок кои ќе се одрази врз стандардот на граѓаните, инфлацијата ќе порасне,  но од друга страна ќе се полни буџетот.

Од опозицијата претходно предложија со законски измени ДДВ за течни горива до крајот на  годинава да биде 5 отсто.

Како превенција од раст на  цените на горивата,  на почетокот на март Владата одлучи ДДВ за течни горива да го намали од 18 на 10 отсто , надолна корекција имаше и кај акцизата.

Инаку, сериозни скокови кај цените на горивата беа евидентирани  на почеткот на годинава како последица од  разгорувањето на  руско украинскито конфликт.  Според прогнозите ниту годинава не се очекува некоја стабилизација на цената, објави Телма.

Бензин 95 – 104 денари (поскапување од девет денари)

Бензин 98+ – 106,5 денари (+ 9,5 денари)

Дизел – 95 денари (+9 денари)

Екстра лесно – 93 денари (+ 9 денари)

Мазут – 54,64 денари (цената останува иста)