ВМРО-ДПМНЕ го пречека Џафери со транспарент „Бегај бе таму, хеј сус“
Собранискиот спикер Талат Џафери пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го пречекаа со транспаренти на кои беа напишани зборовите кои ги изговара Талат Џафери на видео снимката која до овој момент тој не ја коментираше.
На останатите транспаренти пишуваше и: „Сите што позади седат, ех маму ви е**м“, „Сите од службата, конкретно седници, одма кај мене“.
Од опозицијата бараат извинување и оставка од Талат Џафери.
Поминаа повеќе од десет дена, а претседателот на Собранието не само што не се извини за неговото безобразно однесување кон вработените во собраниската служба туку се однесува како ништо да не се случило. Крјано недозволиво е од човекот кој прв го потпишал Етичкиот кодекс за однесување во Собранието, најгрубо да го крши и да бега од одговорност, а со пратениците од власта да се обидуваат да го сокријат под тепих овој скандал“, порача пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.