Трипуновски: Без ронк срам ги лажете тутунарите дека опозицијата е виновна шти вие ги немате исплатено субвенциите за тутунот! Па човек со вас не знае дали да се смее или да плаче?

На изјава на Миле Талески дека опозицијата е виновна што не се исплатени субвенциите на тутунарите, Цветан Трипуновски возврати на својот фејсбук профил:

„Николовски се сокри позади Талески!

Секоја година иста песна.

Па човек со вас не знае дали да се смее или да плаче?

Како немате ни тронка срам ни ти ни оваа таканаречена влада па да им се обраќате на тутунарите и да ги убедувате дека Опозицијата е крива што ВИЕ не сте имале исплатено субвенции!!

Па дали сте свесни што зборувате?

Со кои законски измени се вадите пред тутунарите кога сите знаат дека ДАНОКОТ на тутунарите им се запира при самата исплата на тутунот.

На тутунарите им е преку глава од вашата демагогија и затоа под ИТНО да им ги исплатите субвенциите бидејќи тоа се нивни пари а не ваши.

И само за крај

Одговоноста која што ќе следи е многу поблиску од она што Вие мислите“, напиша Трипуновски

Линк до постот:

https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/posts/pfbid037qoxYw4xTWEe9fZjXbw8WSxUGfBVbs1YRNQNbgrpSz8Fews3hBebtKVunxMV4dgzl

Постави одговор

Your email address will not be published.