Пропадна обидот за договор помеѓу владата и СОНК за зголемување на платите во образованието
На средбата која се одржа вечерва во Министерството за финансии, претставникот на владата, Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и претседателот на СОНК, Јаким Неделков, не се договорија околу синдикалните барања за зголемување на платите. Од СОНК изјавија дека Владата очигледно несериозно ја сфаќа најавата за штрајк следниот понеделник.
Министерката Тренчевска пак изјави дека сеуште не се завршени преговорите и предупреди дека ако вработените во градинките се должни да ги примат децата, а за вработените во основното и средното образование порача доколку се одлучат на штрајк, ќе им бидат најдени заменски наставници.