Русија ќе протера американски дипломати и ќе ги означи американските вработени „персона нон грата“

Москва објави дека ќе протера американски дипломати од Русија, се вели во соопштението објавено од руското Министерство за надворешни работи.

На висок дипломат од американската дипломатска мисија во Москва денес му беше врачена нота со список на протерани американски дипломатски вработени прогласени за „персона нон грата“, се вели во соопштението.

Персона нон грата буквално значи „непожелна личност“.

Овој потег беше одговор на протерувањето на 12 дипломати од страна на Вашингтон од Постојаната мисија на Русија во ОН во Њујорк, како и еден руски вработен во Секретаријатот на ОН.

„На американската страна цврсто и беше кажано дека било какви непријателски дејствија на САД против Русија ќе добијат решителен и соодветен одговор“, се вели во соопштението.

Во соопштението не е прецизирано кои дипломати и колкумина има намера да протера.