Стоилковски повторно му упадна на прес на Дарко Каевски

Дарко Каевски повторно на прес пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ излезе со навреди кон партијата дека „ВМРО-ДПМНЕ е типичен доказ како од од голтарска партија се станува најбогатата партија во Европа преку криминал и корупција. Од мала „жолта куќа“ до „бела палата“ на 7 спрата вредна 40 милиони евра, со раскошни лустери, со скап мебел, теписи и уметнички дела“.

И додека Каевски говореше, Стоилковски зад него му упатуваше прашања да одговори како Дарко Каевски на само 30 години, без еден ден работа во реален сектор, само од функционерска плата успеал да се стекне со 4 милиони во банка и 1 стан?

Реакција стигна и од ВМРО-ДПМНЕ:

Дарко Каевски, исто како и Зоран Заев и Димитар Ковачевски е пример како во политиката се влегува како голтар, а се излегува милионер.

Дарко Каевски на само 30 години, без еден ден работа во реален сектор, само од функционерска плата успеал да се стекне со 4 милиони во банка и 1 стан.

И додека врсниците на Каевски едвај врзуваат крај со крај, тој ниже милиони.

Принципот на Каевски е копија на неговите шефови Заев и Ковачевски.

Ковачевски беше косопственик во фирми за фотоволатици, а синот на Заев сега отвори фирма за трговија со струја и на само 18 години влезе во овој милионски бизнис.

Заеви се влезени во бизнисот со марихуана, тие ја злоупотребија позицијата и се стекнаа со лиценци.

СДСМ е партија класичен пример како од голтари прави милионери.

Погледнете ја прес конференцијата: