Арсовски: Антикризните мерки на оваа Влада се само на хартија, Агенцијата за храна и ветерина објавува тендер за изградба на нова зграда од 8.3 милиони евра
Изминатиов период говориме на една тема која што се вели непродуктивни трошења каде што оваа Влада троши милионски суми на пари, милионски суми на евра за непродуктивни трошоци во време на ек на економска криза.
Иако знаеле наназад можеби 4-5 месеци дека ќе има ваква криза, дека ќе има сериозна економска криза, тие сепак одлучија да го остават народот на цедило.
Антикризните мерки на оваа Влада се само на хартија. Пред неколку дена велеа дека воведуваат антикризни мерки, Ковачевски се фалеше дека забранил да се купува мебел откако сите министерства купија луксузни софи и фотелји, а денес гледаме дека непродуктивните трошоци се бројат во милиони евра.
Во време на криза, сериозна економска криза, и оваа Влада треба малку да се замисли што прави во моментов, Агенцијата за храна и ветеринарство објавува тендер за изградба на нова зграда од 8.3 милиони евра и отпочнува со изградба уште веднаш и плаќањето ќе оди тековно согласно сработеното односно согласно времените ситуации.
Почитувани,
Толку од антикризните мерки на Ковачевски и сите останати во Владата.
Замислете, велат антикризни мерки, а во моментов даваат 8.3 милиони евра за изградба на нова административна зграда на Владата. И додека ова можеби и не е луксуз, туку можеби е потребно за вработените и за институцијата, во ваква криза, економска криза сметаме дека не е неопходно сега веднаш да се отпочне да се прави и да се трошат пари на тоа. Дополнително дали цената е реална од 8.3 милиони евра за околу 2.600 квадрати површина или не е реална, и дали соодвествува со она кое што ќе биде изградено тоа е друга приказна и друга тема која што треба дополнително да се разговара.
Овие 8.3 милиони евра можеле да во овој момент да се искористат за многу други потребни работи за граѓаните, се со цел да им се помогне да ја пребродат оваа криза.
Дополнително, 2 милиони евра оваа Влада имаше потрошено изминативе неколку месеци на луксуз и на непродуктивни трошоци на разно разни работи. И тоа откако знаела дека ни следи сериозна економска криза.
Се трошело на перење коли по министерствата, се трошело на луксузен мебел, софи, фотелји, се трошело 50.000 евра за кафиња во Владата што се пијат, и за се останато друго. Но, очигледно на оваа Влада поважен и е луксузот и воопшто не и важно што е лицемерна пред граѓаните наспроти да им помогне на граѓаните да ја пребродат оваа сериозна економска криза.
Милионски суми се трошат непотребно, а Владата лицемерно се однесува пред граѓаните дека наводно крати некакви непродуктивни трошоци.
Наспроти тоа, наместо да кратат, тие трошат на луксуз.
Почитувани,
Толку од антикризните мерки на Владата, поважен им е луксузот отколку дали граѓаните можат да опстојат во месецов и да преживеат или не.