Кога мафијата владее, а раководството на МВР е до гуша во скандали, тогаш криминалците се комфорни, а народот небезбеден
Оливер Спасовски наместо да ги гони криминалците кои хараат по Македонија, тој врши притисок и поднесува пријави на земјоделци кои протестирале за катастрофалните состојби во земјоделието. Затоа пак, во Скопје се случуваат 50 вооружени разбојништва и други 3500 кривични дела низ Македонија.
Ова покажува дека основна улога на МВР е да ја заштитува владата од народот, а не да се грижи за редот и безбедноста на граѓаните.
Оливер Спасовски дозволи криминалот да метастазира, а тој лично е одговорен за тивката коалиција меѓу криминалот и власта. Во време на неговиот мандат меѓу другото се случи нерасветлениот случај на прислушкување на судови и обвинителство, во негов мандат се случи делењето на пасоши на 215 белосветски криминалци, во негово време се случи негов кадар за началник на полиција да биде фатен во меѓународна акција за сузбивање на дрога, и на крајот во негов мандат се случи МВР да набавува компјутери од фирма која е на црната листа на САД.
Поради фијаското на Спасовски денес криминалците се чувствуваат слободни и заштитени да хараат во Македонија. Кога мафијата владее, а раководството на МВР е до гуша во скандали, тогаш криминалците се комфорни, а народот небезбеден.