За СДСМ е успех тоа што нарко бос кој требаше да биде во затвор изврши грабеж
За СДСМ е успех што во Скопје за 60 дена се случиле 50 вооружени разбојништва, од кои едното го направија нарко бос кој требаше да биде во затвор и полицаец. За СДСМ е успех што за 60 дена низ цела Македонија се случиле 3500 кривични настани. За СДСМ е успех што криминалот владее, а подземјето дрско среде бел дел го ограбува народот и воопшто не се плаши, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
А-ко за СДСМ е успех тоа што Македонија издала 215 пасоши на белосветски криминалци и тоа што кадрите на Спасовски ги фаќаат со дрога во меѓународни акции, тогаш навистина се одлепиле од реалноста сосема.
СДСМ само потврдува тоа што народот зборува дека мафијата на власт и криминалците на улица се во коалиција и институциите не се грижат за безбедноста на граѓаните, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.