Власта на СДСМ и ДУИ ги доведе граѓаните и компаниите до просјачки стап, мерките се задоцнети и недоволни за справување со кризата

Власта на СДСМ и ДУИ ги доведе граѓаните и компаниите до просјачки стап. Мерките и предлозите кои ги донесоа се задоцнети и недоволни за справување со кризата.

Доколку власта не водеше инает и ги прифатеше предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните и стопанството ќе беа помалку оштетени од новите поскапувања, веќе 2 недели граѓаните ќе имаа намалени акцизи од 50%, за горива, а со откажување од ДДВ за основни прехранбени продукти, и поевтини намирници.

Наместо да ги прифати предлозите на ВМРО-ДПМНЕ од пред две недели, сега владата избрзано во 5 до 12 носи комплицирани и недоволни мерки во справувањето со кризата.

Во првите 2 месеци во Македонија имаме инфлација од скоро 8%, а од овој месец инфлацијата ќе биде и двоцифрена.

Секој ден имаме нови покачување, покачување на цената на нафтените деривати, струјата, основните продукти, ама нема покачување на платите и пензиите.

Додека власта троши за свој луксуз, додека набавува нов мебел, купуваат нови коли, во државата имаме најава за затворање на мали и средни бизниси, отпуштање на вработени.

Додека граѓаните секојдневно се соочуваат со ценовен шок и покачени цени на продуктите, власта секој ден вработува нови партиски послушници.

Ја повикуваме владата во најбрз можен рок да направи ребаланс на Буџет и да се откажат од сите непродуктивните трошоци. Да се откажат од луксузирањата и парите да ги пренасочат кон граѓаните и намалување на последиците од кризата.