Марио Теран, Боливиецот кој го уби Ернесто Че Гевара, почина на 80-годишна возраст.
Теран беше дел од групата која го фати познатиот револуционер во 1967 година, а тој го погуби Че Гевара.
Мисијата за фаќање на Че Гевара во Боливија ја водеше генералот Гери Прадо, кој рече дека „Теран само ја извршувал својата должност како армиски наредник“, пренесуваат светските медиуми.
Ернесто Че Гевара, роден во Аргентина и еден од водачите на револуцијата во Куба, беше заробен во октомври 1967 година во Боливија, каде што дојде да шири револуционерни идеи.
Боливиската војска имала намера да го изведе пред воен суд, но тогашниот претседател на Боливија, Рене Бариентос, наредил да биде убиен следниот ден.
Историските извори не се согласуваат дека Теран е избран да го ликвидира Че Гевара, како што некои тврдат дека доброволно се пријавил, а други дека бил избран меѓу војниците.
Теран подоцна рече дека тоа бил „најлошиот ден во неговиот живот“.